РФМ за следната сезона предлага длабоки промени и лига од 16 екипи

16.04.2020 18:12
0000_a4765

Во својот предлог за следната сезона, РФМ нуди длабоки промени во системот и Суперлига од дури 16 екипи.

Имено, место досегашните 10 во сезоната 2020/21 македонската Суперлига ќе брои дури 16 клубови, при што на десетте екипи од сезонава ќе им се приклучат Вардар и Еурофарм Пелистер, како и четирите најдобри тимови од Првата лига (по двете најдобри екипи од двете први лиги за сезоната 2019/20).

Според писмото што РФМ го испрати до клубовите, тие ќе имаат можност за предлог и реакција до 23 април, кога Управниот Одбор ќе го разгледува и ратификува системот за натпреварување за следната сезона.

.

Предлогот на РФМ:

1. Машката Суперлига од сезона 2020/21 година да брои 16 ракометни екипи, односно моменталните десет екипи од Супер Машката лига од сезона 2019/20 одина, двете екипи од регионалната СЕХА лига и четирите екипи од Првата ракометна лига, (по две прворангирани екипи од двете групи од Прва лига, кои се натпреварувале во сезона 2019/20) согласно моменталниот ранг на табелите (сезона 2019/20).

• За сезона 2020/21 година машката Суперлига да биде поделена во две групи од по осум екипи, извлекувањето да биде по принцип на полу-бергер систем согласно претходен ранкинг во национален систем на натпревари, дополнително во иста група нема да може да бидат ракометни екипи кои се регистрирани од еден ист правен субјект односно клубови кои се регистрирани како подружници на ракометните клубови.

• Натпреварувањето во секоја група ќе се одигрува по еднокружен бод систем (домаќин – гостин 2 х 7 кола) вкупно 14 кола по група.

• По завршување на 14-тото коло ќе се формираат две групи плеј-оф и плеј-аут, односно екипите пласирани од прво-четврто место во двете групи ќе ја формираат групата плеј-оф од осум екипи, екипите со остварен пласман петто-осмо место ќе ја формираат групата плеј-аут со осум екипи.

Натпреварите за ракометните екипите во групата плеј-оф ќе се одигруваат со еднокружен бод систем (домаќин – гостин 2 х 7 кола) вкупно ќе бидат одиграни 14 кола преку кои ќе се дојде до добивање на конечен пласман во највисок степен на натпреварување, дополнително ракометните екипи ќе пренесуваат бодови од првиот регуларен дел од одиграните 14 кола по принципот :

Првите од групите пренесуваат 3 бода
Вторите од групите пренесуваат 2 бода
Третите од групите пренесуваат 1 бод
Четвртите од групите пренесуваат 0 бодови

• Натпреварите за екипите во плеј-аут групата ќе се одигруваат со еднокружен бод систем (домаќин – гостин 2 х 7 кола) вкупно ќе бидат одиграни 14 кола до добивање конечен пласман, дополнително ракометните екипи ќе пренесуваат бодови од првиот регуларен дел од одиграните 14 кола по принципот:

Петтите од групите пренесуваат 3 бода
Шестите од групите пренесуваат 2 бода
Седмите од групите пренесуваат 1 бод
Осмите од групите пренесуваат 0 бода

Победникот (прворангираниот) во плеј-аут групата останува во Суперлига, вториот рангиран во плеј-аут игра бараж натпревар со првиот во Прва лига за опстанок во највисок степен на натпреварување. Екипите со остварен пласман трето-осмо место во плеј-аут преминуваат во Прва лига.

Прочитано 124 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


− 1 = 2