РИСТО ЧОКРЕВ: ПОКАЖАВМЕ ДЕКА СМЕ ЕКИПА СО КАРАКТЕР

14.10.2012 22:27
DSC_0357_resize_resize

Претседателот на Металург, Ристо Чокрев, ни ја даде следната изјава:

Заедно со сите го делам задоволството од постигнатото во Лигата на шампионите. Ме радува нашиот успех, ме радуваат и реакциите од нашата татковина. Дојдовме до својата трета победа, извојувана по тешката битка со мотивираниот домашен тим. Имавме тешки моменти во првото полувреме, многумина го насетуваа нашиот прв пораз. Стрпливо ја чекавме својата шанса.

Во вториот дел покажавме дека сме тим со карактер. Тим што може да ги збие своите редови, тим што е силен кога е најтешко. Тоа е одлика на голема екипа. Пресвртот што го направивме во последните дваесет минути го можат само оние колективи што веруваат во себе и кои пред се имаат квалитет.

Веќе не смееме да бегаме од фактот дека во нас гледаат фаворит во поголемиот број наши средби. Не смееме да бегаме и од фактот дека против нас противниците посебно се подготвуваат и се мотивираат, дека сакаат да победат шампионска екипа. Тоа е голем успех на нашиот клуб. Се надевам дека ќе продолжиме по трасираниот пат и дека во следните натпревари ќе го оправдаме стекнатото.

Играта на Станиќ на голот, на Додер и Козлина во одбрана и на Наумче Мојсовски, Георгиевски и Вугринец во нападот заслужува највисока оценка. Ништо помалку ни играта на другите наши ракометари.

Ги поканувам сите да дојдат на 20 октомври, кога на средбата против Санкт Петербург ќе имаме одлична можност да продолжиме со нашите резултати и кога, на свој паркет, ќе имаме можност да се радуваме заедно“.

Прочитано 1.135 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


3 − 3 =