Топ Вести

РК Филипос од Верија замина поразен во мечот против кадетите на Металург

13.04.2018 19:02
_DSC0112_resize

Кадетите на Металург денеска одиграа меѓународен пријателски натпревар против врсниците од екипата на РК Филипос од Верија (Грција). Средбата заврши со заслужена победа на нашите кадети кои славеа со резултат 28:25 (15:10).

Нашите млади ракометари водеа во текот на сите 60 минути, а најмногу со 6 гола разлика, 11:5 и 13:7.

Видовме добар ракомет во кој нашите ракометари беа доминантни, иако се доби впечаток дека се и по малку заморени по вчерашниот вечерен дерби-натпревар против екипата на Тинекс Пролет.

Основната работа Металург ја заврши уште во првото полувреме, кое го добивме со убедливи 15:10. Во вториот дел гостинските ракометари се обидоа да направат резултатски пресврт и во четири наврати успеаа да ја намалат разликата на само два гола, но тоа беше се што им дозволи Металург, кај кого посебно се истакна Бојан Вељановски, кој во второто полувреме скоро сам ја одржуваше разликата и вкупно постигна 11 гола.

.

РК Металург – РК Филипос Верија  28:25 (15:10)

РК Металург: Ацевски, Димевски, Даноски 1, Табаковски 2, Донев, А.Вељановски, Стеријев 1, Меловски 2, Јорданов 3, Андревски 3, Б.Вељановски 11, Прентовски 1, Блажевски, Грујоски, Николов и Петровски 4.   Седмерци: 1/3.   Исклучувања: 4 минути.

РК Филипос Верија: Чудавердоглу 2, Нипос, Елефтеријадис, Катставос 3, Василијадис 1, Сарафис, Богиатсис, Заманис, Ликостарис 2, Петромелидис 4, Каранатсиос 4, Стефанопулос, Станкидис, Карагјованис, Тзорзинис 5 и Папагјанис 4.    Седмерци: 4/6.    Исклучувања: 4 минути.

Судии: Василевски Ѓорги и Михајлов Блаже од Скопје.

Прочитано 89 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


9 − 7 =