РК Металург е кадетски шампион на Македонија

23.06.2021 21:33
202770901_874198233454925_5441129794327437594_n_resize

Во Богданци заврши фајналфорот во машка кадетска конкуренција, а заврши со тотален триумф на нашиот кадетски тим. Металург првенството го заврши со шест едноподруго убедливи победи. Ги совладавме Аеродром, КЛ 7 Свети Николе, Македонија ЃП и Бисимов во групната фаза, а потоа следеа убедливи победи против Струга, во полуфиналето, и против Младост во финалето на завршниот турнир.

Денешното финале мина во целосна доминација на нашиот тим, кој имаше целосна резултатска контрола во текот на сите 40 минути. Металург одигра мотивиран натпревар во кој не му даде никаква шанса на противникот. Предводени од бисерот на Металург, Александар Петковски, нашите кадети прикажаа извонреден ракомет и темпо кое добриот тим на Младост едноставно не можеше да го следи.

Овие момчиња покажаа дека Металург веќе има генерација која ќе даде свој придонес и сериозно ќе се наметни и во првиот тим на Металург.

За најдобар стрелец е избран нашиот Александар Петковки, со 18 постигнати голови. За најдобар голман е избран нашиот Никола Ангеловски, додека за МВП на завршниот турнир е избран Стојан Наумовски од екипата на Младост.

Честитки за нашите кадети, честитки и за тренерите Владимир Глигоров и Миле Бочкаровски.

.

РК Младост Богданци – РК Металург  21:27 (9:12)

 РК Младост Богданци: Гошев, Чрчев 2, Заров, Атанасов, Ѓуриќ 2, Наумовски 8, Прчев 1, Н.Роглев, Попов 1, Каркалашев 3, Демерџиев, Пеев, Котев, Николовски 4, Гогов и И.Роглев.    Седмерци: 4/4.     Исклучувања: 0 минути.

РК Металург: Гилев, Талевски, Н.Анѓеловски, Субашевски, Ѓорѓиевски, Грујевски 1, Стојановски 3, Димковски 6, Божиновски 2, Петковски 11, Стевков 3, Филиповски, Тотиќ, В.Анѓеловски 1, Насевски и Ѓоргиев.     Седмерци: 2/2.      Исклучувања: 10 минути.

Судии: Ѓорѓи Василевски и Блаже Михајлов.

Делегат: Ерик Белимов.

Прочитано 645 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


8 − 5 =