РК МЕТАЛУРГ ГО СОВЛАДА БРЕСТ МЕШКОВ

17.08.2012 23:46
417498_460383523992505_2032786887_n

Во второто коло од јубилејниот, 40-ти “Струшки ракометен турнир“, РК Металург го совлада белорускиот претставник Брест Мешков со резултат 26:23 (12:10). Со оваа победа нашиот шампион обезбеди место во финалето кое се игра утре со почеток во 21.00 часот. Наш противник ќе биде вториот претставник на Белорусија и шампион на таа земја, Динамо Минск.

Металург поведе на самиот почеток на средбата, прво со 1:0 а потоа и со 2:1. Мегутоа, од тој момент па се до 24 минута, резултатската контрола ја презеде екипата на Брест која во еден момент имаше и водство од +3 гола, 4:7. Металург израмни на 7:7, но Брест повторно (и за последен пат) избега на 8:10. До крајот на полувремето се вративме во игра и овој дел го добивме со резултат 12:10.

Во второто полувреме Металург одржуваше постојана предност од 3 до 5 гола и не дозволи никакво изненадување.

Утре не очекува Динамо Минск, екипа која остави одличен впечаток и која ќе биде тешка пречка во нашата желба за прв триумф на турнирите во Струга.

РК Металург – Брест Мешков   26:23 (12:10)

РК Металург: Ангелов (15 одбрани), Левов, Димовски 3, Наумовски, Георгиевски 1, Козлина 4, Манасков 1, Миркуловски 3, Маркоски, З.Мојсоски, Додер, Н.Мојсовски 5, Стоилов, Батиновиќ 2, Јоновски, Алушовски 1 и Вучичевиќ 6.       Седмерци: 3/3.    Исклучувања: 2 минути.

Брест Мешков: Божиќ, Џукиќ 4, Калиашников, Атејевас 7, Цанцар 1, Шчепановиќ 1, Пракарениа 1, Књазев 1, Чарапенка, Шумак, Вукиќ 2, Баранов 1, Гросас, Карачиќ 3, Ушал 2 и Громико.         Седмерци: 2/2.       Исклучувања: 8 минути.

Утре се играат натптеварите за пласман:

17.30 часот: Натпревар за 5-то место:  Струга – Дедеман Бузау

19.30 часот: Натпревар за 3-то место:  Данкерк – Брест Мешков

21.00 часот: Финален натпревар:  Металург – Динамо Минск

Прочитано 594 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


5 + = 14