РК Металург почна со подготовките за пролетниот дел од тековната сезона

11.01.2017 21:32
111012017_DSC0007_resize

Со денешните два тренинга, ракометарите на Металург почнаа со подготовките за вториот дел од сезоната.

Во отсуство на репрезентативците Талески, Пешевски, Нелоски и Дрогришки, кои се дел од македонската експедиција на СП во Франција, на заминатите Даниел Дупјачанец (замина во швајцарскиот Кадетен Шафхаузен) и Милош Драгаш (замина во израелскиот Хапоел Ришон), како и на повредените Филип Кузмановски и Мартин Марчец, нашите ракометари, засилени со поединци од Металург 2, тренираат под раководство на Александар Јовиќ, асистентот на Лино Червар, кој како селектор го води националниот тим во Франција.

Добра вест е враќањето во тимот на Немања Младеновиќ, кој ја надмина повредата на рамото. Исто така, од утре со тренинзи ќе почне и нашето најново засилување – Иранецот Амин Јусефинеџад.

Металург ќе се подготвува во Автокоманда, во своите два вообичајни термини.

Прочитано 7.100 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


+ 1 = 10