РК Металург повторно аплицира за вајлд-карта за настап во Лигата на шампионите

11.06.2019 16:58
DSC_8626_resize

РК Металург ја извести РФМ дека ќе аплицира за добивање на вајлд-карта, која обезбедува место во Лигата на шампионите. Крајниот рок за аплицирање истекува утре.

Со тоа нашиот клуб ќе се обиде да го сочува континуитетот во настапите во најсилното ракометно натпреварување, каде непрекинато настапува во последните осум сезони.

ЕХФ ги има етаблирано осумте критериуми за добивање на вајлд-картата и тие се:

1. Сала
2. ТВ преноси
3. Пласман во домашно првенство
4. Публика
5. Претходни настапи
6. Буџет и спонзорски потенцијал
7. Извршување на наредбите од ЕХФ и регулативите
8. Медија

Металург го исполнува најголемиот дел од овие критериуми, а во поглед на организацијата на вакви натпревари има огромно искуство и најдобри оценки од страна на ЕХФ.

Наскоро ќе бидат објавени сите апликанти за вајлд-карта, а добитниците на истата ќе се знаат на 25 јуни.

Инаку, Металург има загарантиран настап во ЕХФ Купот, како освојувач на Купот на Македонија.

Прочитано 505 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


+ 7 = 15