РК МЕТАЛУРГ ВЛЕГУВА ВО СЛЕДНАТА ФАЗА ОД ПОДГОТОВКИТЕ

09.08.2012 14:47
1.Team logo 2_resize

Македонскиот шампион влегува во следната фаза од подготовките за претстојната сезона. По две недели кондициони тренинзи во Скопје, нашите ракометари утре заминуваат во Охрид каде ќе продолжат со базичните подготовки и каде ќе останат до 15 август и стартот на меѓународниот “40-ти Струшки ракометен турнир“ кој ќе се игра во периодот од 15 до 18 август.

Оваа година на турнирот учествуваат шест екипи од Македонија, Белорусија, Франција и Романија, а Металург е во група со екипите на Дадеман Бакау (Романија) и Брест Мешков (Белорусија).

Еве го распоредот на турнирот:

15.08.2012 г.

18.30 Динамо Минск (Белорусија) – Струга

20.45 Металург – Дадеман Бакау (Романија)

16.08.2012 г.

19.00 Брест Мешков (Белорусија) – Адеман Бакау (Романија)

20.30 Данкерк (Франција) – Динамо Минск (Белорусија)

17.08.2012 г.

19.00 Данкерк (Франција) – Струга

20.30 Металург – Брест Мешков (Белорусија)

18.08.2012 г.

18.00 Натпревар за 5-тото место

19.30 Натпревар за 3-тото место

21.00 Финале

Веднаш по турнирот во Струга, ракометарите на Металург ќе се вратат во Скопје но само за да се спакуваат и следниот ден да заминат за Новиград (Хрватска) каде ќе пристигнат на 21 август, а од 22 до 24 август ќе учествуваат на турнирот “Istria Handball Kup“, заедно со екипите на Загреб, Горење од Велење и селекцијата на Кина.

Еве го распоредот и од овој турнир:

22.08.2012 г.

18.00 Загреб – Кина

20.00 Горење Велење – Металург

23.08.2012 г.

18.00 Загреб – Металург

20.00 Кина – Горење Велење

24.08.2012 г.

18.00 Металург – Кина

20.00 Загреб – Горење Велење

После овој турнир, Металург се враќа во Скопје и ќе се подготвува за квалификацискиот турнир во Норвешка.

Прочитано 678 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


3 + 1 =