РК МЕТАЛУРГ ЗАГУБИ ВО ПРВОТО КОЛО НА “ИСТРИА ХАНДБАЛ КУП“

23.08.2012 00:28
IHC_logo_turnira_Ngd-Cttnv

Ракометарите на Металург ја загубија средбата од првото коло на “Истриа хандбал Купот“. Поразени сме од шампион на Словенија со резултат 22:21 (11:9). Како што е познато со оваа екипа, ако ги поминеме квалификациите во Норвешка, ќе бидеме во истата група “Ц“ во Лига на шампиони.

Кај нашите ракометари се почуствува замор од тешките натпревари во склопот на турнирот во Струга и долгиот пат до Новиград. Нашите ракометари одиграа многу послабо од тоа што го видовма во Струга. Ова е прв пораз на нашиот шампион во новата сезона.

Горење – Велење  22:21 (11:9)

РК Металург: Ангелов (1 одбрана), Митревски (6 одбрани), Димовски 3, Наумовски, Георгиевски 2, Манасков, Миркуловски 4, Маркоски, З.Мојсоски 2, Додер 1, Н.Мојсовски 2, Батиновиќ 7, Јоновски, Стоилов, Левов, Алушовски и Вучичевиќ.      Седмерци: 3/4.    Исклучувања: 2 минути.
———————-
Во првата средба екипата на Загреб високо ја порази селекцијата на Кина со резултат 37:18 (16:9).
———————-
Утре Металург ќе се сретне со екипата на Загреб. Оваа средба почнува во 18.00 часот, а ХТВ2 ќе врши директен пренос.

Прочитано 908 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


6 + = 15