РК Работнички е последниот патник во македонската Суперлига

09.06.2019 19:08
62256128_10218077113851766_6607725683596591104_n

Во бараж натпреварот одигран во неутралното Неготино, Работнички ја совлада екипата на Прилеп и обезбеди настап во македонската Суперлига.

Работнички немаше поголеми проблеми на оваа средба и извојува убедлива победа со резултат 38:30 (21:13). Со оваа победа Работнички го пополни последното место во Суперлигата.

Да потсетиме, шампион на Првата лига е нашиот Металург 2, кој обезбеди директен настап во Суперлигата.

Прочитано 85 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


8 − 2 =