Рниќ и Митиќ сметаат дека Металург има свои шанси во мечот со Фиверс

22.02.2021 22:18
DAR_2539_resize

Металург пристигна во Виена, каде утре, со почеток во 20.45 часот, ќе го одигра мечот од деветото коло на групната фаза на Лигата на Европа, против екипата на Фиверс.

Натпреварот меѓу овие две екипи во Скопје заврши со поделба на бодовите, а во Австрија Металург допатува без четворица свои ракометари. Но, Металург е подготвен да даде се од себе за да дојде до позитивен резултат, а така сметаат и искусниот Момир Рниќ и младиот Андреј Митиќ, кои велат дека Металург има свои шанси на оваа средба.

Фајверс е добра екипа, која многу трча, но мислам дека имаме шанса да се избориме за добар резултат. Дома со нив одигравме нерешено, а сега по сè што се случи ни се вратија неколку играчи, имаме и подобра ротација. Ќе биде тежок натпревар, тоа е сигурно, но имаме шанса да дојдеме до позитивен резултат. Од друга страна, пак, се уште не сме комплетни. Отсуството на секој играч ни се одразува на играта. Ни недостасуват Златко Хорват и Милан Лазаревски, но ние и без нив ќе дадеме сè од себе за да направиме добар резултат“, изјави Рниќ.

Во Скопје одигравме нерешено, но ова е добра шанса за нас младите да помогнеме и да ја оствариме прва победа. Не сме комплетни, но се надевам дека ќе пружиме добра игра. И на мечот со Чеховски Медведи во Скопје одигравме добро, но поради некои наши грешки во финишот го загубивме натпреварот. Што се однесува до мене, јас сум им благодарен на Металург и тренерот Димитриоски за шансата што ја добивам. Мое е на секој натпревар да го давам максумумот, да напредувам и да бидам подобар од натпревар во натпревар. Засега сум задоволен, но целта е да одам напред, а ова е голема шанса и за мене и за сите други“, вели Митиќ.

Прочитано 108 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


9 + 7 =