Рутинска победа на Металург против екипата на Пролет

07.04.2019 20:35
mak-rakomet-prolet-metalurg-07042019-0449_resize

Во третото коло од плеј-офот на македонското првенство, Металург и гостуваше на екипата на Тинекс Пролет, која ја совлада со резултат 26:32 (12:16). Ова беше нашиот прв натпревар по поразот од Еурофарм Работник, а победата значи дека Металург постепено го надминува шокот од убедливиот пораз во претходното коло.

Средбата почна со безрезултативни напади на двете екипи, кои на почетокот потрошија по пет, шест напади, а постигнаа по само еден гол. Всушност, од првите шест гола, 3:3, дури четири беа постигнати од линијата за седум метри.

Металург прв успеа да се одвои и да поведе со 3:5 и потоа некое време и ја одржуваше оваа предност. Малата криза во нашите редови резултираше со пресврт и водство на Пролет со резултат 9:8, но тоа како да го поттикна тимот од Автокоманда, кој израмни, а потоа, при 10:10, успеа да направи серија од 4:0 за прво повисоко водство од четири гола, 10:14. Нашата максимална предност во првото полувреме изнесуваше +5, 11:16, а ова полувреме го добивме со резултат 12:16.

Второто полувреме Металург го одигра рутински. Во неколку наврати имавме максимални +6, прв пат при 16:22, но имаше и периоди во кој домашниот состав успеваше да се доближи до нашиот резултат. Најблиску беа при 26:28, но сето тоа кратко траеше, а потоа Металург го врати убедливото водство. Се на се, освоивме три бода без да потрошиме премногу сили.

Следува репрезентативната пауза, а потоа и натпреварите со екипите на Бутел и на Вардар, со кои ќе ја заокружиме првата половина од плеј-офот.

.

РК Тинекс Пролет – РК Металург 26:32 (12:16)

РК Тинекс Пролет: Кристо, Ф.Василевски 3, Аларов 4, Јовчевски, Давитковски, А.Василевски 1, Ролевски 1, Коруновски, Трајковски, Андоновски 5, Кимевски, Џонов 4, Мајнов 4, Дамчевски, Стојановски и Манасков 4.   Седмерци: 2/3.   Исклучувања: 10 минути.

РК Металург: Дупјачанец, Томовски 1, Даниловски, Јагуриновски 1, Лазаревски 3, Димитриоски 4, Токиќ 3, Шилегов 3, Танкоски 5, Серафимов 3, Шпенде 5, Пучник 2, Миличевиќ 1, Маџовски 1, Стојановиќ и Арсеновски.   Седмерци: 6/7.   Исклучувања: 10 минути.

Судии: Ѓорѓи Начевски и Славе Николов од Скопје.

Делегат: Марјан Начевски од Скопје.

Прочитано 413 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


5 + = 10