Рутинска победа на Металург во Прилеп

14.09.2020 21:19
119472935_318824842729666_1401152091821145933_n_resize

Вечерва во Прилеп се одигра првенствен натпревар од второто коло на македонската Суперлига, во кој Металург извојува лесна победа против домашната екипа, која ја совладавме со резултат 21:28 (11:16).

Металург на оваа средба го оствари својот план – максимално го поштеди основниот тим и извојува победа без многу потрошени сили. Тоа ни го дозволи големата разлика во квалитетот на двете екипи, па Металург во ниту еден момент не дозволи да се создаде дилема околу конечниот победник на овој натпревар.

По првите неколку рамноправни минути, Металург полека почна да ја гради својата предност, која до крајот на првото полувреме достигна пет гола, 11:16.

Вториот дел Металург го одигра рутински, а конечната разлика се зголеми на 7 гола.

Најдобар поединец на средбата беше Златко Хорват, кој постигна 10 гола и кој во второто полувреме сосема успешно настапи на позиција на десен бек.

Металург веќе утре ќе одигра уште еден првенствен натпревар во кој во Автокоманда ќе гостува екипата на Тиквеш. Ова е средба од шестото коло и по распоред требаше да се игра на 28 септември, но тој ден Металург ќе биде во Цирих и ќе се подготвува за средбата со Криенс, закажана на 29 септември.

.

Прилеп – Металург  21:28 (11:16)

Прилеп: Пајкоски 2, Рустамов 4, Бикоски 2, Манчески, Трајкоски 1, Ангелески, Дукоски, Шокоски 3, Бурчески, Карафилоски, Чантурија 4, Амзоски 1, Христоски, Гавашелишвили, Чурлевски 4 и Цинцадзе.     Седмерци: 3/4.      Исклучувања: 4 минути.

Металург: Дупјачанец, Ѓорѓески, Кондев 4, Петковски 1, Кофилоски, Шилегов, Хорват 10, Мариќ 2, Серафимов 2, Лазаревски 3, Младеновиќ 1, Тарабокија, Тодески 1, Митиќ, Додиќ 4 и Маркоски.     Седмерци: 3/4.     Исклучувања: 14 минути.

Судии: Димитар Митревски и Благојче Тодоровски.

Делегат: Игор Огненов.

Прочитано 440 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


− 5 = 4