Топ Вести

СЕХА-лигата го бара десеттиот учесник

27.07.2018 21:28
3529_1532719730

СЕХА-лигата оваа сезона ќе биде ослабната поради неучеството на двете екипи од Словенија, кои истапија поради зголемените обврски во своето национално првенство. Исто така, не се исполнија надежите во лигата да се врати Веспрем. Имено, унгарските екипи Веспрем и Пик Сегед своето учество го условуваа со промена во системот на натпреварувањето, поточно бараа да се играат помалку натпревари, преку формирање на две групи, со по шест екипи. Оваа промена беше навистина планирана, но не се реализира токму поради истапувањето на екипите од Словенија.

Денеска СЕХА-лигата ги објави имињата на засега деветте екипи, кои сигурно ќе учествуваат во натпреварувањето:

РК Извиѓач (BiH)
РК Мешков Брест (BLR)
РК Meталург (MKD)
РК Нексе (CRO)
РК ППД Загреб (CRO)
РК Татран Прешов(SVK)
РК Вардар (MKD)
РК Војводина (SRB)
РК Железничар (SRB)

Наскоро треба да биде објавено и името на последниот, десетти учесник во ова регионално натпреварување.

Прочитано 330 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


− 6 = 3