СЕХА-ЛИГАТА КОНЕЧНО ДОБИВА ГЕНЕРАЛЕН СПОНЗОР ?

07.02.2013 23:12
portfolio-seha-mash-1316551760_resize

Moving-picture-man-running-with-bags-of-cash-gif-animationДали конечно ќе се реши најголемиот проблем на СЕХА-лигата –  наоѓањето генерален спонзор, кој ќе ја финансира лигата и ќе ги плати сите трошоци врзани за ова натпреварување ?

Според зборовите на претседателот на РФМ и потпретседател на СЕХА-лига, Михајло Михајловски,  наскоро ќе се случи токму тоа.

Со “Гаспром“ ги договоривме сите услови, а за возврат во лигата мора да се вклучат тимови од Србија, Полска и од Унгарија. Српскиот шампион се повлече поради неможноста да ги покрие трошоците, Унгарците и претходно пројавија интерес, а со полските тимови оваа лига дефинитивно ќе добие на квалитет. Од конкуренција ќе отпаднат  некои тимови од БиХ, можеби и некоја друга екипа, но најважно е дека ќе се создаде силно натпреварување“, изјави Михајловски.

Лигата би добила и ново име – “Јужен поток“, според проектот што “Гаспром“ го има во земјите на Балканот.

Утврдено е дека фајнал-форот ќе се игра во Скопје, на 13 и 14 април, а ќе присуствуваат и претставници на “Гаспром“.

Прочитано 515 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


2 + 8 =