СЕХА-лигата конечно го најде десеттиот клуб за сезоната 2018/19

14.08.2018 12:58
20180814_Handball-e1534238942414

Конечно е комплетирана листата со имињата на десетте клубови кои ќе се натпреваруваат во СЕХА-лигата во сезона 2018/19. Последниот учесник е најден во Романија, а се работи за екипата на романскиот вицешампион Стеауа од Букурешт. Со тоа СЕХА-лигата се прошири со уште една земја учесничка.

Конечната листа на учесници:

РК Металург

РК Вардар

ППД Загреб

РК Нексе

РК Извиѓач

РК Стеауа Букурешт

РК Мешков Брест

РК Татран Прешов

РК Железничар Ниш

РК Војводина

Осмата сезона на СЕХА-лигата старува со мечевите од првото коло, кои се закажани на 28/29 август. Според праксата од последните неколку сезони, во првото коло Металург ќе се сретне со својот градски ривал Вардар.

Прочитано 368 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


3 − 3 =