СЕХА ПРЕДЛАГА ПРЕКИН НА ЛИГАТА

22.03.2012 13:51
io-seha-mash-1316551760_resize

Металург, како и другите клубови во Регионална  лига, доби допис од канцеларијата на СЕХА лига во која се предлага прекин на натпреварувањата за оваа година.

Дописот интегрално го пренесуваме:

До претседателите на националните сојузи.

Директорите на клубовите.

 

                                                Почитувана господо,

Денес примивме допис од агенцијата “Спортска димензија“ во кој не предупредува дека поради бројните одложени средби влезе во сериозни проблеми со ТВ куќите и дека не е во можност да ги реализира планираните приходи со кои се финансираат патувањата и службените лица на натпреварите во пролетниот дел на натпреварувањето во СЕХА лига. Агенцијата го приложува и пописот на на неодиграните натпревари од кој е очигледно дека некои навистина, и поради репрезентативните обврски, нема да стигнат да се одиграат пред терминот на завршниот турнир, 14 и 15.04.2012.

По увидот во табелата на СЕХА лига по сите досега одиграни натпревари, јасно е дека ништо не може да се промени во врвот и дека веќе сега се познати клубовите кои изборија настап на завршниот турнир. Тоа се Кроација Осигурување Загреб, Вардар ПРО и Металург Скопје и Татран Прешов.

Поради сето наведено, предлагам итно да донесеме решение за откажување на преостанатите и одложените натпревари во СЕХА лига, да го потврдиме пласманот остварен врз база на досега одиграните натпревари и четирите првопласирани екипи да се согласат распоредот на натпреварите во завршниот турнир да се одреди со ждрепка.

Агенцијата е спремна да формира награден фонд во износ од 25.000 Евра со кој би се наградиле првите четири екипи (1. место/10.000, 2./7.000, 3./4.000. 4./2.000 + по 1.000 Евра награда за најдобриот играч и најдобар голман на завршниот турнир)

Водството на СЕХА лига ќе подготви анализа на натпреварувањето и извештај кои сме должни да ги испратиме во ЕХФ.

Со оглед на сите проблеми со кои се соочивме во оваа, прва година на натпреварувањето, а кои можат само да ни послужат како одлична школа и показател на кој начин мораме да ја средиме СЕХА лига во сезоните кои доаѓаат, предлагам да го прифатиме овој предлог, да ги избегнеме непотребните додатни трошоци, да организираме врвен завршен турнир и крениме во подготовките за следната сезона.

Ги молам сите претседатели на националните сојузи и директорите на клубовите да се изјаснат писмено околу овој предлог до утре, 22.03.2012, до крајот на работното време.

                       Поздрав,

                      Санди Шола

Ставот на Металург ќе биде наскоро објавен иако начелно предлогот е прифатлив.

Прочитано 1.015 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


+ 9 = 11