СЕХА-рокада, Татабања е исфрлена, нов учесник е екипата на Спартак Москва

14.08.2019 10:28
4130_1565704119

И покрај тоа што СЕХА-лигата пред извесно време го објави распоредот на натпреварите за целата сезона 2019/20, со Татабања како нов учесник, во најновото соопштение лигата објави дека вториот унгарски претставник е исфрлен, поради тоа што не ги исполнил условите за настап во регионалното натпреварување, а и затоа што меѓу двете страни постоеле големи несогласувања.

Нов учесник во СЕХА-лигата ќе биде вицешампионот на Русија Спартак од Москва, со што Регионалната лига се прошири на уште една држава.

Бидејќи распоредот е веќе направен, Спартак од Москва едноставно ќе ја замени Татабања во групата “А“, каде се уште и екипите на Вардар, Татран Прешов, Војводина, Мотор Запорожје и Нексе.

Во групата, пак, “Б“ ќе настапуваат екипите на Еурофарм Работник, ППД Загреб, Металопластика, Веспрем, Мешков Брест и кинескиот Пекинг Спорт.

Прочитано 54 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


3 + 8 =