Селекторот Брестовац ги одбра 16-те ракометари за кадетското ЕП во Грузија

05.08.2018 20:00
M20-EHF-Championship-MKD-UKR-26.07.2018-4096

Откако го одржа последниот тренинг во Маврово, селекторот на кадетската репрезентација на Македонија Данило Брестовац го скрати списокот на репрезентативците до потребните 16-ет, со кои ќе отпатува во Грузија.

.

Скратениот список на Брестовац:

Голмани: Марко Кизиќ (Вардар Ј), Виктор Василевски (Металург 2)
Леви крила:  Дарко Кондев (Металург 2), Марко Божиновски (Металург 2)
Десни крила: Ален Ќосевски (Вардар), Ненад Костески (Струга)
Леви бекови: Теодор Тодески (Прилеп), Игор Ѓоргиев (Вардар)
Средни бекови: Мартин Карапалески (Вардар Ј), Бобан Каковски (Еурофарм), Дејан Џигероски (КЛ7)
Десни бекови: Мартин Серафимов (Металург), Васил Витанов (Борец)
Пикери: Кристијан Симоноски (КЛ7), Кристијан Анѓелковски (Вардар Ј), Андреј Митиќ (Металург 2)

.

Се до средата младите репрезентативци ќе користат слободни денови за одмор, а в среда ќе одржат редовни тренинзи. За Тбилиси кадетската репрезентација и нејзиниот стручен штаб ќе отпатуваат в четврток.

Кадетската репрезентација на Македонија на ЕХФ Шампионатот во Грузија се наоѓа во групата “А“, заедно со селекциите на Швајцарија, Фарски Острови, Естонија, Литванија и на Луксембург. Првопласираните две селекции ќе се пласираат во полуфиналето на турнирот, а само освојувачот на турнирот ќе обезбеди место на наредното Европско Првенство.

Македонија својот прв натпревар ќе го одигра веќе в петок, а противник ќе ни биде селекцијата на Литванија.

Прочитано 294 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


− 3 = 6