Топ Вести

Селекторот Гонзалез експресно го скрати списокот за бараж-натпреварите со Романија

29.05.2018 14:05
01

Иако вчера објави список со имиња на 28 ракометари, селекторот Раул Гонзалез веќе денеска овој список го скрати на 20 имиња на ракометари, кои ги повика за првиот тренинг. Во однос на вчерашниот список, ги нема: голманот Јане Цветковски, бековите Мартин Серафимов, Стефан Дрогришки, Мартин Манасков, Ласко Андоновски и Томислав Јагуриновски, пивотот Костадин Петров и Димитар Димитриоски, кој игра и како лево крило и како среден бек.

Селекторот Раул Гонзалез го закажа првиот официјален собир за подготовките за бараж-натпреварите за СП 2019 против Романија на 4 јуни 2018 (понеделник), со почеток од 16.30 часот во хотелот Александар Палас во Скопје. Веднаш потоа, ќе се одржи и првиот тренинг на репрезентацијата, во 18 часот во СЦ „Борис Трајковски“. Селекторот Раул Гонзалез, за собирот повика 20 ракометари.

.

Списокот на Раул Гонзалез:

Голмани: Никола Митревски, Борко Ристовски, Златко Даскаловски и Мартин Томовски.
Бекови: Кирил Лазаров, Филип Лазаров, Филип Миркуловски, Немања Прибак, Филип Талески, Филип Кузмановски, Мартин Велковски, Горан Крстевски и Велко Маркоски.
Крила: Дејан Манасков, Мартин Поповски, Гоце Георгиевски и Гоце Ојлески.
Пикери: Стојанче Стоилов, Жарко Пешевски и Никола Марковски.

.

Во меѓувреме, до почетокот на првиот официјален собир, неколкумина ракометари од селекцијата, кои веќе ги завршија обврските за своите клубови во натпреварувачката сезона, ќе работат индивидуални тренинзи со селекторот и со остатокот од стручниот штаб на репрезентацијата, кои секојдневно се одржуваат во салата Автокоманда во Скопје.

Сениорската машка репрезентација двете средби од баражот за СП против Романија ќе ги одигра на 10 и 13 јуни 2018. Првата средба, на 10 јуни, се игра во СЦ „Борис Трајковски“, додека реваншот, на 13 јуни, ќе се одигра во градот Клуж.

Прочитано 362 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


− 5 = 2