Топ Вести

СЕЛЕКТОРОТ ИВИЦА ОБРВАН ГО ОБЈАВИ ПОШИРОКИОТ СПИСОК НА РЕПРЕЗЕНТАТИВЦИ ЗА СРЕДБИТЕ СО ФРАНЦИЈА

17.04.2015 11:28
MAJ_5034_resize_resize

za tekst

Ивица Обрван денеска го објави списокот со имињата на 28 наши репрезентативци на кои смета за квалификацискиот двомеч со олимпискиот, светскиот и европскиот шампион Франција.

На листата на Обрван се најдоа сите ракометари што беа дел од нашата експедиција на СП во Катар, освен Ванчо Димовски, и повторно е засилена со младите Нелоски и Талески, но и со пикерот на Металург Жарко Пешевски и десното крило Никола Костески.

На листата се и Лазо Мајнов и Горан Кузмановски, кои имаат одлична сезона во дресот на Одорхеи (Романија).

Двомечот со Франција е во рамките на квалификациската група 6, за пласман на ЕП 2016 во Полска, а, покрај Македонија и Франција, тука се уште и селекциите на Чешка и на Швајцарија. Македонија веќе одигра две средби од овој квалификациски циклус и освари една победа (Швајцарија) и еден нерешен резултат (Чешка).

Средбите со Франција се закажани на 29 април во Скопје и на 3 мај во Тулуз.

Интересно, Франција, која доаѓа со најсилниот можен состав, токму во Скопје ќе го одигра својот прв официјален натпревар по освојувањето на светската титулата во Катар.

.

Списокот на Ивица Обрван:

Голмани:  Борко Ристовски, Петар Ангелов, Никола Митревски, Стефан Кимевски.

Бекови:  Филип Лазаров, Филип Талески, Марко Нелоски, Велко Маркоски, Ацо Јоновски, Наумче Мојсовски, Филип Миркуловски, Немања Прибак, Никола Стојчевски, Горан Кузманоски, Кире Лазаров, Ренато Вугринец, Влатко Митков, Лазе Мајнов.

Крила:  Дејан Манасков, Гоце Ојлески, Владо Недановски, Гоце Георгиевски, Никола Костески, Златко Мојсоски.

Пикери:  Стојанче Стоилов, Жарко Пешевски, Игор Павловски, Никола Маркоски.

 

Прочитано 3.089 пати

(1) Коментар

  1. Vednas zlatko mojsoski da go nema od reprezebtacijata

Напишете коментар


6 − 5 =