Селекторот Кире Лазаров го одржа првиот собир на сениорската репрезентација

06.03.2021 20:32
123137125_3129592513811564_6220092752408257723_o

Новиот селектор на македонската сениорска репрезентација, Кире Лазаров, денеска ја имаше и првата прозивка на националниот тим, пред квалификацискиот двомеч со репрезентацијата на Данска за настап на ЕП 2022.

Во оваа репрезентација Кире Лазаров ќе биде и активен на теренот, а во водењето на репрезентацијата ќе му помагаат Ацо Јоновски, Филип Миркуловски, Бранко Ангеловски и Билјана Црвенковска.

На списокот за денешниот собир има 23 ракометари, кои пред собирот направија ковид тестови, а комплетирањето на селекцијата ќе се случи в понеделник, кога се очекува да пристигнат нашите интернационалци, кои овој викенд имаат клупски обврски.

Првиот меч со Данска ќе се игра на 11 март во Скопје, додека вториот на програмата е на 14 март во Алборг.

Прочитано 858 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


2 + 7 =