Селекторот Кирил Лазаров го објави поширокиот список на ракометари за квалификациските натпревари

19.02.2021 14:04
KirilLazarov-938x535

Новиот селектор на македонската сениорска репрезентација, Кирил Лазаров, го објави поширокиот список на ракометари за претстојните квалификациски натпревари со репрезентацијата на Данска за ЕП 2022.

Својот трет натпревар во квалификациската групна фаза сениорите ќе го одиграат на 11.03.2021 (четврток) против репрезентацијата на Данска, во СЦ “Борис Трајковски”.

Четвртот натпревар ќе се одигра во Алборг, Данска, на 14.03.2021 (недела).

Поширокиот список на Кире Лазаров:

LAZAROV-SPISOK_resize

Објавен е и составот на стручниот тим на Кире Лазаров, а во него се Филип Миркуловски, Ацо Јоноски, Бранислав Ангеловски и Билјана Црвенковска.

Прочитано 503 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


6 + = 11