Сензационални резултати од првите осминафинални средби во Лигата на шампионите

25.03.2018 18:12
1780254_10152908930593666_1142589080112651628_o_resize

Со денешните две средби, комплетирани се првите натпревари од осминафиналната фаза воЛигата на шампионите. Општ впечаток е дека одамна во ова елитно натпреварување не се случија толку сензационални резултати.

Да почнеме од вчерашниот страотен пораз на Р.Н.Левен, кој во Киелце допатува со младинската екипа и доживеа масакр изразен со разлика од дури 24 гола, што го прави целосно непотребен реванш-натпреварот во Германија.

Изненадувачка е и висока победата на, оваа сезона бледиот, Кил, кој дома го совлада тимот на Пик Сегед со седум голови разлика. Убедлива победа изразена со 8 гола разлика однесе и Нант од гостувањето кај Мешков Брест.

Но вистинските сензации се случија денеска. Имено, Скјерн, кој во оваа фаза дојде од послабата група “Ц“, денеска го совлада Веспрем со цели седум голови разлика и го доведе унгарскиот гигант на работ на елиминација. Нешто помалку изненадувачка е и победата на Монпелје, уште еден клуб кој е дојден од послабите групи. Монпелје денеска го зеде скалпот на Барселона, која ја совлада со три гола разлика.

.

Комплетни резултати од првите осминафинални средби:

Кил – Пик Сегед  29:22 (14:14)  – реванш на 1 април

Мешков Брест – Нант  24:32 (14:16)  – реванш на 1 април

Киелце – Р.Н.Левен  41:17 (21:8)  – реванш на 1 април

Кристијанштад – Фленсбург  22:26 (12:11)  – реванш на 28 март

Скјерн – Веспрем  32:25 (17:13)  – реванш на 31 март

Монпелје – Барселона  28:25 (13:13)  – реванш на 31 март

Прочитано 888 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


+ 9 = 15