Серафимов и Костески во Ол Стар тимот на ЕХФ-шампионатот во Грузија

19.08.2018 23:25
ALLSTAR2

Кадетскиот ЕХФ-шампионат во Грузија не заврши според нашите желби и очекувања, но одличните игри на нашите репрезентативци дојдоа до израз при составувањето на Ол Стар тимот на првенството. Имено, само Македонија и првакот Италија во најдобриот тим на првенството партиципираа со по двајца ракометари, ние со Мартин Серафимов и со Ненад Костески, односно со комплетната десна страна на Ол Стар тимот.

Серафимов е и втор стрелец на првенството, со 54 постигнати голови. Подобар од него е единствено Грузиецот Георги Цковребадзе, со 65 гола. Трет е Елиа Скипаготу од Фарските Острови, со 52 гола.

.

Ол-стар тим на кадетскиот ЕХФ шампионат:

Голман: Андреа Колеури – Италија
Лево крило: Самуел Зендер – Швајцарија
Лев бек: Марко Мењон – Италија
Среден бек: Елиа Скипаготу – Фарски Острови
Пикер: Михаил Пилиук – Белорусија
Десен бек: Мартин Серафимов – Македонија
Десно крило: Ненад Костески – Македонија

————————————————————–
Најдобар стрелец: Георги Цковребадзе – Грузија
Дефанзивец: Лукас Лаубе – Швајцарија
МВП: Микита Чизик – Белорусија

Прочитано 325 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


+ 7 = 11