СЕЗОНА 1980/81 ОДЛИЧЕН ПОЧЕТОК НА МЕТАЛУРГ ВО ВТОРА СОЈУЗНА ЛИГА

06.01.2012 00:06
DSC03025_resize

Во својата прва сезона, како учесник во Втора сојузна лига, Металург на почетокот ги изненади сите со своите резултати. По изненадувачката победа против белградски Партизан, во првото коло, и поразот против Работнички, во второто, Металург нанижа уште две победи, против Кристал и моќниот ФАП. Следуваше пораз од Тутунски Комбинат и повторно две победи, против Рудар од Пљевле и Вардар. По 7-то коло и скорот од 5 победи и 2 порази, веќе наголемо се калкулираше со нашите можности и шансите за највисок пласман. Металург беше прогласен за најпријатно изненадување во лигата.

Нажалост, ситуацијата се промени во пролетниот дел од првенството. Неискуството го зеде својот данок, екипата изгуби неколку добиени натпревари и, од коло во коло, лизна кон долниот дел на табелата. Особено е тежок периодот од 14 до 20 коло, кога во 7 натпревари, Металург доживеа 6 порази и еден нерешен резултат. Од тој момент, неочекувано дојдовме во ситуација да се бореме за гол живот, за опстанок во лигата. Сепак, на крајот Металург се созеде и го избори опстанокот. Заврши сезоната која толку ветуваше на почетокот, а не однесе до ивица на понорот.

Фото:

Прочитано 258 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


− 2 = 4