Шампион ги однесе бодовите од средбата со Металург РА

24.04.2021 17:51
DAR_5953_resize

Во дерби натпреварот од 8. коло на плејофот на Првата лига, екипата на Шампион извојува неочекувано лесна победа против тимот на Металург РА. Гостинскиот тим победи со резултат 22:30 (9:13).

За жал нашиот тим одигра лош натпревар и направи премногу технички грешки и не искористи премногу зицер ситуации за да се надева на успех против првопласираната екипа на плејоф табелата.

Исходот од средбата можеше да се претпостави од самиот почеток. Нашите ракометари искористија само еден од првите пет напади и својот прв гол го постигнаа во 7. минута. Гостинскиот тим од самиот почеток создаде стабилно водство кое не го испушти до самиот крај на натпреварот.

Малку надеж донесоа првите десетина минути од второто полувреме, бидејќи Металург РА намали на само гол негатива и испушти дури три едноподруго напади за израмнување. Но, Шампион брзо ги консолидира своите редови и набрзо ја врати високата предност. Конечните + 8 се и највисоки на денешната средба.

Шампион се задржа на врвот на табелата, додека Металург РА остана на петтото место. Во следното коло Металург РА ќе и гостува на екипата на МРК Куманово.

.

Металург РА – Шампион  22:30 (9:13)

Металург РА: Ацевски, Брестовац, Димевски, Фидановски 9, Трајкоски 1, Ристовски 3, Георгиевски, Шкријељ, Мандиќ 1, Прцуловски 2, Петровски 3, Додиќ 1, Таневски и Тричковски 2.     Седмерци: 6/7.      Исклучувања: 6 минути.

Шампион: Ивчески, Ацев, Игнов 3, Мишоски, Манојлоски, Миланов 6, Олтовски 3, Налетовски, Дрпљанин 1, Стојановски 4, Стоилковски 3, Даев 8, Марковски 2 и Ангелов.     Седмерци: 4/5.     Исклучувања: 6 минути.

Судии: Виктор Андонов и Стојанче Јовановски.

Делегат: Марјан Начевски.

Прочитано 113 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


1 + = 3