Шпанија ја совлада Македонија на Медитеранските игри во Атина

17.02.2020 15:35
MHC_Men_2020_1440x600

Во Атина денеска почнаа 17. Медитерански игри за кадетски репрезентации.

Македонија денеска загуби од Шпанија, со резултат 21:14 (8:7, 8:4, 5:3).

Овој турнир се игра со експериментални правила, со по три третини од по 15 минути. Така ќе се игра до финалето, кое единствено ќе се одигра во нормалните две полувремиња.

македонија во добар дел од средбата, особено во првата, па и третата третина, беше рамноправен партнер против фаворитот Шпанија, но слабата втора третина не однесе во прв пораз.

Денеска Македонија ќе одигра и уште еден натпревар, против Мароко, а оваа средба на програмта е во 18.45 часот.

Металург во Атина е претставен со тројца репрезентативци: Давид Ацевски, Филип Димевски и Теодор Тодевски.

Прочитано 207 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


7 + = 11