Шпанија победник на Медитеранските игри во Атина

24.02.2020 16:10
85244308_2720957301345010_7713068150383706112_o-696x465

Кадетската ракометна селекција на Шпанија е победник на 17-те младински Медитерански игри што се одржуваа во Атина, Грција. Во финалето на Игрите, шпанските кадети ги победија своите врсници од Црна Гора, со 32-29, и се надоврзаа на успехот на шпанските сениори, кои завршија како победници на неодамнешното Европско првенство што се играше во Австрија, Норвешка и во Шведска.

Третото место го освои селекцијата на Хрватска, која во малото финале минимално ја победи Србија, со 23-22, а кадетската селекција на Македонија ги заврши игрите на 10-то место, остварувајќи ефект од три победи (Мароко, С. Арабија и Кувајт), едно реми (Турција) и пет порази (Шпанија, Хрватска, Црна Гора, Тунис и Грција).
На петтата позиција заврши селекцијата на Бахреин, шести е Египет, а на седмото место се позиционира селекцијата на Тунис. Осма е Романија, а домаќинот Грција е на деветтата позиција. Зад Македонија се Мароко, Турција, С. Арабија и Кувајт.

Пласман:

1. Шпанија
2. Црна Гора
3. Хрватска
4. Србија
5. Бахреин
6. Египет
7. Тунис
8. Романија
9. Грција
10. Македонија
11. Мароко
12. Турција
13. С. Арабија
14. Кувајт

Прочитано 11 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


+ 4 = 5