Штета, Македонија вечерва заслужи четврт-финале

15.08.2019 00:04
Portugal-MKD-14.08.2019-WCH-U19-1906_resize

Македонската кадетска репрезентација вечерва го одигра својот најдобар натпревар на кадетското СП во Скопје, но на крајот потклекна и не се избори за пласман во четврт-финалната фаза. Игравме против најпријатното изненадување на првенството, селекцијата на Португалија, и малку фалеше да ја совладаме и да обезбедиме пласман меѓу најдобрите осум селекции.

Македонија и Португалија одиграа еден крајно израмнет натпревар во кој на крајот победникот го решија неколку грешки на нашите ракометари во самата завршница на средбата.

Во првото полувреме нашата репрезентација во најголем дел од времето имаше предност. Противникот дури на самиот крај успеа да искористи неколку лоши минути на Македонија и да оствари предност од три гола по првите 30 минути.

Во вториот дел се водеше жестока битка за секој метар и за секој гол. Македонија постојано го следеше резултатот на противникот и не му дозволи ништо повеќе од минимална предност. Во 54. минута салата застана на нозе – Мартин Серафимов постигна гол, за предност на Македонија од 24:23. За жал, во последните минути направивме неколку технички грешки и му дозволивме на противникот да создаде предност, која веќе не можевме да ја стигнеме.

Штета, навистина штета.

.

Португалија – Македонија  29:25 (15:12)

Португалија: Магаљаеш (15 одн.), Ф. Оливеира, Фереира, Соуза, Мораис 6, Невес 1, Т. Соуза 1, Г. Оливериа, Хозе 4, Рибеиро 5, Талмазан 2, Салвадор 4, Силва, Виера, Ногуера 2  и Коста 4.     Седмерци: 5/7.   Исклучувања: 8 мин.

Македонија: Кизиќ (15 одб., 1 сед.), Петковски (1 сед.), Кондев 1, Џигероски 1, Мелоски, Ќосевски, Божиновски 1, Митиќ, Симоноски 3, Серафимов 9, Костески 3, Младеновиќ 6, Ников, Ѓорѓиев 1 и Гајиќ.    Седмерци: 4/4.    Исклучувања: 6 мин.

Судии: Маријана Гарсија и Марија Инес Паолантони од Аргентина.

Делегати: Јалатима Кулибали од БС Коска, Виктор Поладенко од Русија и Теди Адјемијан од Аргентина.

 

Прочитано 434 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


8 − 3 =