Штета, Металург денеска не заслужи пораз од Стеауа

18.08.2019 15:00
68657755_2392530524332174_447252154466435072_n_resize

Металург го одигра својот трет натпревар на турнирот “Куп на Гувернерот“ и го запиша својот трет пораз. Овој пат загубивме од екипата на Стеауа, со минимални 27:28.

Штета, Металург навистина не заслужи пораз на денешниот натпревар, особено што во 58. минута се уште имаше резултатска предност. Се чини дека решавачки момент е црвениот картон на Јагуриновски во 50. минута (трето исклучување), кој во тој момент беше нашиот најдобар играч. На неговото место беше поставен најмладиот меѓу нас, Стефан Додиќ, кој по позиција е лев бек.

Целиот натпревар мина во рамноправна борба. Металург прв направи обид резултатски да се издвои и во 9. минута поведе со 2:5. Сепак, ова водство траеше кратко, Стеауа не стигна, па и мина во водство. До крајот на првото полувреме екипите се менуваа во водство, а овој период заврши со минимална предност на нашиот противник, 14:13.

Во вториот дел најпрво Стеауа успеа да дојде до предност од 3 гола, 18:15, но и Металург брзо возврати, па средбата повторно мина во фаза на наизменично водство на двете екипи.

Во 54. минута го имавме натпреварот во своите раце. Водевме со три голови разлика, 23:26, и се чинеше дека ќе дојдеме до победата. Но, неколку грешки, избрзани и непрецизни удари, и едно исклучување во нашите редови целосно ја сменија сликата и не доведоа до пораз.

Не можеме да не го спомениме нашиот голман Даниел Дупјачанец, кој одигра феноменален натпревар и кој ги воодушеви руските коментатори.

.

Стеауа – Металург  28:27 (14:13)

Стеауа: Букатару (7 одбрани ), Станеску, Никулај (3 одбрани), Букатару, Михалча, Милошевиќ, Бурлаку 2, Поп 1, Ставроситу 1, Јохансон 1, Капацина, Флора 3, Константина 2, Валадао 2, Гаминде Умет 6, Аслањан 2, Иванченко, Олару 1 и Грбовиќ 3.    Седмерци:  0/2 .    Исклучувања:  14  минути.

Металург: Дупјачанец (9 одбрани + 2 седмерци) 1, Ѓорѓески (3 одбрани ), Јагуриновски 6, Поповиќ 3, Пецаковски 1 , Шилегов 7, Танкоски, Мариќ 1, Ристовски, Лазаревски, Вујовиќ, Кбилашвили 3,  Додиќ 1, Кофиловски, Стојановиќ и Арсеновски 4.    Седмерци:  3/4.    Исклучувања: 16 минути.

Судии: Ершов Константин и Пављуков Антон од Русија.

Делегат: Вартањан Стела од Русија.

Прочитано 453 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


5 − = 1