ШТО Е РЕШЕНО НА ПОСЛЕДНИОТ СОСТАНОК НА СЕХА ЛИГА ВО БЕЛГРАД ?

20.07.2012 14:23
portfolio-seha-mash-1316551760_resize

На 12 јули во Белград е одржан состанок на клубовите кои ја сочинуваат СЕХА лига. Присуствуваа претставници на екипите на Загреб, Нексе, Татран, Извиќач, Металопластика и Вардар. Поради колективниот годишен одмор свој претставник немаше Металург, додека новиот член, Брест Мешков, го ополномошти Михајло Михајловски да ги застапува неговите интереси. Михајловски ги застапуваше интересите и на екипата на Ловќен, додека г-дин Мучиќ ги претставуваше федерацијата и клубовите на БиХ.

На состанокот се донесени следните одлуки:

1. Натпреварувањето во СЕХА лига ќе продолжи и во сезона 2012/13, иако нема генерален спонзор на лигата. Клубовите сами ќе ги сносат трошоците, во согласност со “Меморандумот за соработка“ на агенцијата “Спортска димензија“ кој сите клубови го добија на 6 јули.

2. Според сегашната состојба во лигата ќе се натпреваруваат 10 екипи. Водечките екипи од Србија, Партизан и Војводина, потврдија дека нема да настапат оваа сезона во СЕХА лига, додека Металопластика е спремна да се натпреварува но чека дозвола и потврда од матичната федерација.

3. СЕХА лига ја прими молбата на РК Мешков од Брест (Белорусија) да се вклучи во натпреварувањето а ја доби и потврдата во која стои дека Брест Мешков ќе уплати 200.000 евра од кои ќе се финансира патувањето, сместувањето и трансферот на сите клубови при гостувањата во Белорусија. На Брест Мешков ќе им биде испратен записник со донесените одлуки.

4. РК Киелце исто така ќе биде информиран за сите одлуки донесени на состанокот и се чека нивната конечна одлука околу нивното натпреварување во лигата.

5. По барање на неколку клубови, со “Спортска димензија“ – агенција партнер, договорени се следните услови за настап на клубовите:

а) Натпреварувачки стандарди:

– Дозволено е натпреварите да се играат во сали и до 1500 гледачи.

– Задолжителна е Герфлор подлога со стандарди и огласни полиња според стандардите на Лига на шампиони.

– Рото и ЛЦД реклами не се задолжителни во сезона 2012/13.

– ТВ продукција на одреден број натпревари е задолжителна, но на релација клубови – “Спортска димензија“ може да се разговара за бројот на преноси.

б) Натпреварувачки календар:

– Календарот ќе биде полудиригиран со цел да и се излезе во пресрет на екипата на Брест Мешков која би играла по два натпревари при гостувањето во Македонија, Хрватска и кај Ловќен и Извиѓач.

– Завршната верзија на календарот е во изработка и ќе биде дистрибуирана до клубовите во текот на неделата.

Прочитано 619 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


1 − 1 =