Топ Вести

Што рекоа нашите репрезентативци, по средбата со Романија

11.06.2018 00:06
mkd-ger-radost-1

Сите репрезентативци на Македонија, по средбата изразија задоволство од постигнатиот резултат и оптимизам околу конечниот исход од бараж-дуелите со Романија, иако некои повикаа и на претпазливост од прераното славење.

.

Кире Лазаров: “Да, задоволен сум од резултатот, но не и од играта, бидејќи можеме и подобро, да не направивме многу почетнички грешки. Како да не очекувавме дека можеме да водиме со толку голема разлика против Романија. Сега треба да се одмориме, а потоа да се подготвиме за реваншот, да одиме на победа и во Романија, иако основна цел е пласманот на СП. Добро го познавам Чави Пасквал, ми беше тренер. Тој ги извади речиси сите свои адути, но секогаш може има уште нешто. Не треба да размислуваме за стекнатата гол разлика, туку треба да размислуваме за нова победа“.

Филип Талески: “Од резултатот можеме да бидеме задоволни, ама од играта не. Имавме проблеми во одбраната, но затоа го имавме Борко Ристовски, кој беше фантастичен и ни даде крилја. Тој имаше одличен ден и не водеше кон победата. Пред реваншот во Клуж, имаме убава гол-разлика, но ќе треба да се подготвиме уште подобро. Ќе мораме да внимаваме, затоа што Романија може да ни ги најде слабите точки. Сега прво да се одмориме, а потоа ќе мислиме на гостувањето“.

Гоце Георгиевски: “Знаевме што може да понуди Романија и бевме подготвени за нивната игра. Ја заслуживме победата, а оваа разлика од осум голови може да биде значајна за конечниот исход. Сепак не смееме да се опуштаме, туку да одиграме исто, па дури и подобро од денешниот меч. Салата во Клуж ќе биде исполнета до последното место, но ние сме навикнати да играме во таква, жешка атмосфера. Имаме два дена да се подготвиме за реваншот, по кој мислам дека ќе се пласираме на СП“.

Дејан Манасков: “Одличен натпревар. Секогаш е добро да се игра пред домашната публика. Игравме добро цели 60 минути и ја заслуживме победата. Вториот натпревар треба да го одиграме  како да е 0:0 и да победиме, па со победа да се пласираме на СП“.

Борко Ристовски: “Осум голови предност би требало да се доволни да се пласираме на СП. Имаме сериозна гол-разлика која репрезентација, со искуство како нашето, не би требало да ја испушти. Романија можеше многу подобро од ова, но бековите немаа свој ден. Тие можеа да бидат многу подобри и поефикасни, но едноставно не успеаја. Сега одиме во Романија со ладни глави и по нов успех“.

Прочитано 375 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


− 2 = 6