Што велат учесниците на летниот камп на Металург…

19.06.2016 13:11
13461301_103667823396998_1978480578_o_resize

Се чини дека ова издание на нашиот летен камп е најдобро до сега, а со тоа се сложуваат и тие што се задолжени се да биде “под конец“, грижејќи се за организацијата, безбедноста, здравјето и тренинзите на децата.

13453022_103673010063146_746887716_o_resize

13453022_10367300063146_746887716_o_resizeСилвана Миленковиќ (тренер): Се радувам на секој нов ракометен камп во Охрид. Задоволството е мое што веке одамна сум дел од Ракометната академија Металург и што имам можност овие седум дена да се дружам со сите тренери од семејството на Металург, а секако и да се усовршам во тренерската работа. Убаво е тоа што организацијата на кампот е на повисоко ниво и што секоја наредна година кампот го посетуваат деца од сите градови на нашата држава, каде нашата академија има свои школи. Овој камп е одлична можност децата да се дружат, а нашата тренерска цел е децата да напредуваат да се развиваат и да ги откриваат тајните на ракометната игра. Јас верувам дека меѓу овие деца се крие иднината на македонкиот ракомет, а меѓу нив секако има и идни наши репрезентативци.

13499937_103674090063038_1638878885_o_resize

13499937_10367409003038_1638878885_o_resizeТања Димитриоска (тренер): Вистинско задоволство е да си дел од единесетгодишната спортско-забавна дружина на ракометниот камп на Металург, кој и оваа година повторно ги собра децата од школите од Скопје и ширум Македонија на заедничка спортско рекреативна дружба, како награда за сработеното и одиграното во изминатите 10 месеци. Горди сме што и годинава имаме повеќе од 350 деца кои се желни да учат, да тренираат и да се забавуваат. Насмевката на детските лица е награда за нашиот труд и работа, и причина поради која Металург несебично инвестира во својата иднина и иднината на македонскиот ракомет.

13453017_103674420063005_1940302239_o_resize

13460926_10368133397967_1921417393_o_resizeКире Василев (тренер): Р. К Тиквеш од Кавадарци е трета година едноподруго е учесник на летниот камп организиран од Металург. Како и секоја година, така и оваа, емоциите кај децата се позитивни, со организирани безброј забавни игри, напорни тренинзи и натпревари.

13493316_103674416729672_1805294759_o_resize

13493316_103674416729672_1805294759_o_resize_resizeКристина Младеновска (тренер): Ракометната школа во Кратово постои 2 години и со тоа веќе 2 години по ред учествува на ракометниот камп на Металург во Охрид. Досега на кампот, децата освен тоа што напорно тренираат и ги усовршуваат своите вештини во ракометот, го усовршуваат и пливањето, а во попладневните часови се организираат и забави на кои тие учествуваат и се забавуваат. По изразот на нивните лица, можам со сигурност да кажам дека децата се презадоволни од кампот и дека во секој миг уживаат. Исто така кампот и за нас тренерите претставува едно ново искуство, каде ќе се стекнеме со уште повеќе знаење.

13453466_103674140063033_57628387_o_resize

13453466_103674140063033_57628387_o_resizeМирјана Гошевска (тренер): УСК Астра Спорт по трет пат е дел од големо збиднување какво што кампот на Р. А. Металург. Бројот на учесниците од година во година расте и тоа посебно ме исполнува како тренер. Можам слободно да кажам – секоја чест за организацијата на кампот, почнувајќи од тренинзите, па се до забавите во текот на ноќта. Децата се задоволни и среќни, а јас како тренер се надевам дека бројот на учесниците се повеќе ќе се зголемува во иднина.

13499566_103674426729671_232413932_o_resize

13499566_103674426729671_232413932_o_resizeТодорчо Николов (тренер): Р.К Торо Спорт трета година е учесник на кампот на Р. А. Металург и со сигурност ќе учествува и во наредните години, бидејќи само вака и преку вакви тренинзи, забави и пријателства се напредува. Тоа важи како за децата, така и за нас како тренери. Децата се пресреќни и презадоволни.

13453290_103674423396338_201900711_o_resize

13453290_103674423396338_201900711_o_resizeДимитар Филипов (тренер): Откако оваа година РК Младинец од Кочани се вклучи во Р. А. Металург дојде ред да учествуваме и на кампот, што го организира академијата. Можеби сме за првпат, меѓутоа сме едни од најпримерните и најдобрите во кампот. Секојдневните напорни тренинзи им овозможуваат на учесниците да ги подобрат своите ракометни вештини. Пливањето во езерото и вечерните забави допринесуваат за дружење и релаксација. Се на се вкупниот впечаток е одличен и мотив плус за учество и наредната година.

13461133_103658146731299_722669615_o_resize

13461133_10368146731299_722669615_o_resize_resizeД-р Марина Николовска: Мое прво поголемо искуство, огромна чест и задоволство е да се биде дел од едно големо семејство како што е Металург.
Во здраво тело здрав дух – позната поговорка за сите нас. Спортот е главна алка помеѓу правилниот раст и развој на децата, како и нивната физичка, психичка и социјална благосостојба.
На овој камп здравјето на децата за мене е пред се. Токму затоа до крајот на кампот ќе се погрижам да помине се во најдобар ред како и досега.

13461133_103658146731299_722669615_o_resize_resizeД-р Димитар Ангеловски: Металург е едно големо семејство, кое се грижи за сите од најмали до највозрасни. Децата се најголемиот дар од бога, нивното здравје е пред се. Здравјето е основа на животот. Велат и најсовршеното дело е составено од многу делчиња. Металург е тоа дело, а децата се делчињата од него. Задоволство е да се биде дел од големото семејство Металург.

Прочитано 1.414 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


7 + = 8