ШУНДОВСКИ: ИМАВМЕ ПРОБЛЕМ СО ВРАЌАЊЕТО ВО ОДБРАНАТА

05.01.2013 22:16
shundovski-ovaa-pobeda-e-za-makedonskiot-narod-71620_resize

Селекторот на македонската репрезентација Звонко Шундовски, и покрај минималниот пораз, е задоволен од прикажаната игра: „Мило ми е што имавме вистинска проверка, што се играше сите 60 минути. Многу е важно што немаме повредени ракометари. Уште немам конечен список на ракометари што ќе настапат во Шпанија. Од самиот натпревар сум задоволен бидејќи го дадовме својот максимум, а ги изротиравме и сите играчи. Имавме проблем со враќањето во одбрана, по нашите голови. Против силните европски селекции мора многу да се трча во двата правци ако сакаме да постигнеме добар резултат. Не ги знам амбициите на Србија, нашите се да одиме еден чекор понатаму во однос на претходното првенство“.

Борко Ристовски: „Дојдовме да одиграме две квалитетни средби пред заминувањето на СП. Мислам дека одигравме со 100 проценти од нашите можности, но, сепак, се чувавме од повреди пред Шпанија. Натпреварот беше израмнет, а Србија има квалитет што го покажа во последните пет минути. Ние се опуштивме, а противникот тоа го искористи. Сметам дека сме подготвени за почетокот на СП, а се надевам дека ќе играме уште подобро. Очекувам повеќе балкански селекции да влезат во следниот круг“.

Прочитано 327 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


4 − = 3