Шведска и Данска во дуел за златниот медал на СП во Египет

29.01.2021 23:02
s3fra_swe_6-35

Денеска на СП во Египет одиграни се двата полуфинални натпревари, после кои ги добивме и финалистите на првенството.

Најпозитивното изненадување на првенството, репрезентацијата на Шведска, која на ова првенство допатува со десеткуван состав, денеска прикажа извонредна игра и без посебни проблеми ја елиминираше големата Франција. Швеѓаните имаа се под своја контрола во текот на сите 60 минути и повеќе од заслужено се најдоа во големото финале.

Шпанија и Данска одиграа одличен натпревар во кој скандинавскиот тим прикажа поголема желба за победа и го совладаа големиот ривал со помош на својот извонреден напад, најдобар во досегашниот тек на првенството. Во овој меч на актуелниот светски шампион против актуелниот европски првак, Данците водеа во текот на целата средба.

.

Резултати:

Франција – Шведска  26:32 (13:16)

Шпанија – Данска  33:35 (16:18)

Прочитано 393 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


7 − = 6