- МЕТАЛУРГ УБЕДЛИВ ПРОТИВ ПАРТИЗАНОбјавено пред 4 months
- ИРАКЛИ КБИЛАШВИЛИ Е ИЗБРАН ЗА МВП НА ТУРНИРОТ ВО КАЊИЖАОбјавено пред 4 months
Силен отпор на Металург против шампионскиот тим на Вардар

Во Автокоманда вечерва се одигра средбата од последното коло на плејоф-групата во која Металург го пречека старо-новиот шампион на Македонија Вардар. Оваа средба апсолутно ништо не решаваше за пласманот на двете екипи и мина во допадлива игра на два растоварени тима.
За разлика од натпреварот одигран во салата “Јане Сандански, Металург вечерва одигра многу поквалитетно и силно му се спротивстави на неспорниот фаворит.
Долго време, односно се до резултат 8:8, Металург беше подобрата екипа, но потоа Вардар постепено ја превзеде иницијативата, го сврте резултатот во своја полза и предноста ја задржа до крајот на овој интересен натпревар. Најблиску до резултатот на Вардар бевме во 42. минута, кога дојдовме до негатива од само два гола, 23:25, но Вардар брзо се врати во својот ритам и повторно стекна убедлива предност. Вардар победи, но Металург повторно покажа дека е единствен тим кој во овој момент може да му пружи отпор на овој состав на Вардар.
Кога сме кај составите, денешната средба е последна за тренерот на Вардар Раул Гонзалез, како и за шестмина ракометари на македонскиот шампион, кои заминуваат во други екипи, но, денешната средба е последна и за нашиот Жарко Пешевски, кој својата кариера ќе ја продолжи во екипата на украинскиот шампион Мотор Запорожје. На сите им посакуваме многу среќа во новите средини.
.
РК Металург – РК Вардар 29:33 (15:19)
РК Металург: Томовски, Даниловски, Маџовски, Јагањац 4, Димитриоски 1,Токиќ 4, Шилегов, Танкоски 1, Серафимов, Кузмановски 5, Илиќ 6, Велковски 2, Пешевски 5, Матијашиќ, Лазаревски 1 и Арсеновски. Седмерци: 1/3. Исклучувања: 6 минути.
РК Вардар: Милиќ, Ѓорѓески, Стоилов 3, Недановски 3, Поповски 3, Кристопанс 5, Македа 3, Карачиќ 2, Канељас 1, Циндриќ 3, Дибиров 3, Шишкарев 3, Борозан, Војводиќ и Марсениќ 4. Седмерци: 2/4. Исклучувања: 10 минути. Црвен картон: Вуко Борозан (3х2 минути) во 57. минута.
Судии: Дејан и Димитар Георгиевски од Скопје.
Делегати: Душко Камишевски од Скопје.