Сите тестови негативни, Металург вечерва стартува во домашното првенство

11.09.2020 10:08
DAR_6590_resize

Екипата на Металург вечерва стартува во домашното првенство, а наш прв противник ќе биде тимот на Еурофарм Пелистер 2,

Претходно, сите тестови на нашите ракометари пред оваа средба се негативни, па тренерот Кастратовиќ на располагање ќе ги има сите потребни играчи.

Оваа сезона Суперлигата ќе има 16 екипи, од кои 14 ќе играат во регуларниот дел и ќе бидат поделени во две групи. Групната фаза од првенството ќе биде со згуснат распоред и ќе се игра в петок и в понеделник, а еднаш неделно екипите ќе се тестираат на коронавирус, на сметка на РФМ. Ќе се игра без публика и со строги Ковид 19-протоколи.

Средбата со Еурофарм Пелистер 2 ќе се одигра во Автокоманда, со почеток во 18 часот. Судии на оваа средба ќе бидат Глигор и Спаско Ќаеви, а ќе ја делегира Марјан Огњановски.

.

Двојки за првото коло:

Група А:
19.00 часот:   Јуниор КВ – Пролет
19.00 часот:   Голден Арт КЛ7 – Охрид
20.30 часот:   Астраион – Радовиш

Група Б:
18.00 часот:   Металург – Еурофарм Пелистер 2
19.00 часот:   Работнички – Бутел Скопје
20.30 часот:   Младост Богданци – Тиквеш

Прочитано 204 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


− 5 = 1