Сите тестови се негативни, Металург комплетен ќе го пречека тимот на Криенс

22.09.2020 10:24
DAR_6601_resize

Сите тестови за коронавирус, кај нашите ракометари, стручниот штаб и раководството, се негативни, така да Металург комплетен ќе го пречека тимот на Криенс, во првата меѓусебна пресметка на овие две екипи во рамките на второто квалификациско коло на Лига Европа.

Екипата на Криенс допатува во Скопје вчера, а во 18.30 го одржа и својот тренинг во СЦ “Јане Сандански“.

Денешната средбата, во СЦ “Јане Сандански“, ќе се одигра со почеток во 20.45 часот. Средбата ќе ја судат Хрватите Матија Губица и Борис Милошевиќ, додека делегат ќе биде нашиот Камер Металари.

Реванш натпреварот е закажан на 29 септември во Цирих.

Прочитано 189 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


+ 2 = 3