- МЕТАЛУРГ УБЕДЛИВ ПРОТИВ ПАРТИЗАНОбјавено пред 3 months
- ИРАКЛИ КБИЛАШВИЛИ Е ИЗБРАН ЗА МВП НА ТУРНИРОТ ВО КАЊИЖАОбјавено пред 3 months
Сјајниот Металург ги собра бодовите во Битола

Во шестото коло од плеј-офот на првенството на Македонија, Металург се врати со победа од жешкиот терен во Битола. Екипата на Пелистер е совладана со резултат 41:37 (17:21).
Пелистер како сериозен противник, кој се обидува да обезбеди излез во Европа, многу подобро го почна натпреварот. Домашниот тим имаше комплетна контрола и постојана резултатска предност во текот на целото прво полувреме. Металург се обидуваше да парира, но направи премногу грешки и му дозволи на Пелистер многу рано да стекне висока предност. Особено критични беа десетина минути во средината на првиот дел, кога од 12:10 Пелистер направи серија од дури 6:0, за огромни +8, 18:10, во 23. минута. Во тој момент се чинеше дека Металург го чекаат тешки моменти и веројатен висок пораз. Сепак, во завршницата на првото полувреме нашите ракометари успеаа да ја преполоват негативата и на одмор да заминат при резултат 21:17 за Пелистер.
Одморот навистина добро им дојде на нашите ракометари, бидејќи на паркет во вториот дел се појави еден сосема друг тим. Металург заигра многу поборбено и поангажирано, ја засили одбраната и ги сведе грешките на минимум. Сето тоа брзо даде резултат и по само десетина минути Металург за првпат го израмни резултатот, 26:26. Пелистер уште кратко време се обидуваше да се врати во игра, но веќе беше доцна, бидејќи Металург поведе со 30:31 и не ја испушти предноста до самиот крај на средбата. Нашето највисоко водство изнесуваше шест гола, 33:39, а конечниот резултат е 37:41 во наша полза.
Металург мина една од поголемите пречки, но решавачкиот натпревар ќе го играме во следното коло и тоа повторно во Битола. Наш следен противник е екипата на Еурофарм Работник.
.
РК Пелистер – РК Металург 37:41 (21:17)
РК Пелистер: Плех, Ѓорѓевски, Маџовски 4, Поповиќ 9, Гуглета 2, В. Димитровски 7, Апостоловски, Станојевиќ 1, Лековиќ 2, И. Димитровски, Кобетиќ 10, Стоилевски, Табанге, Дрогришки, Ивановски. Седмерци: 3/4. Исклучувања: 10 мин.
РК Металург: Дупјачанец, Даниловски, Јагуриновски 5, Лазаревски 3, Димитриоски 4, Токиќ 7, Шилегов 3, Танкоски 5, Серафимов, Младеновиќ, Шпенде 9, Пучник, Миличевиќ 1, Маџовски 3, Стојановиќ, Арсеновски. Седмерци: 5/8. Исклучувања: 4 мин.
Судии: Ѓорѓи Начевски и Славе Николов од Скопје.
Делегат: Камер Металари од Скопје.