Скопје ги однесе бодовите од средбата со Металург РА

11.04.2021 00:48
DAR_4810_resize

Дерби натпреварот на шестото коло од плејофот на Првата лига, меѓу Металург РА и Скопје, и припадна на гостинската екипа, која не совлада со резултат 26:33 (12:18).

Видовме одличен натпревар меѓу две екипи кои претендираат за освојувањето на првото место во плејофот, а на крајот се радуваа гостинските ракометари, кои заслужено ги однесоа сите три бода од Автокоманда.

Металург одлично го почна натпреварот и покажа желба за победа против водечкиот тим во лигата. Нашите ракометари имаа и водство од три гола разлика, кон средината на првиот дел. Но токму во тој момент, кога го имавме максималното водство, дојде до несфатлив пад во нашата игра. Екипата на Скопје ја искористи нашата криза и за само петнаесет минути негативата од три гола ја претвори во своја позитива од шест гола, 12:18, со која го заврши првото полувреме.

Во вториот дел нашите ракометари се обидоа да се вратат во натпреварот, но успеаа да намалат само на четири гола разлика, 18:22 и 20:24, а потоа повторно влегоа во серија на грешки, па го загубија натпреварот со конечните 26:33.

Во следното коло не очекува дуелот со екипата на Аеродром.

.

Металург РА – Скопје 2020  26:33 (12:18)

Металург РА: Ацевски, Брестовац, Димевски, Фидановски 7, Тричковски, Христоски, Трајкоски, Андревски 3, Ристовски 7, Шкријељ, Мандиќ 2, Прцуловски 1, Петровски 6, Додиќ и Таневски.    Седмерци: 4/7.    Исклучувања: 18 минути.

Скопје 2020: Стојкоски, Трајчевски, Трифуновски, Чакалиќ 9, Киселовски 3, Пешевски 3, Грујовски 5, Блажевски, Димчевски 4, Србиновски, Мирчевски, Мишевски 6, Димитријевски 1, Благопетров и Калајџиевски 2.    Седмерци: 3/5.      Исклучувања: 10 минути.

Судии: Ѓорѓи Начевски и Славе Николов.

Делегат: Душко Камишевски.

Прочитано 160 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


+ 5 = 12