Славко Голужа: Не чека тежок натпревар со Металург

29.09.2018 17:24
41341805_1880627108683805_229353697442791424_o_resize

Татран Прешов е следниот противник на Металург во Лигата на шампионите. Овој натпревар се игра утре во С.Ц. “Јане Сандански“, каде Меалург првпат во својата историја ќе ја има улогата на домаќин.

Металург одржа прес-конференција по повод оваа средба, но еве и неколку мислења од противничкиот табор.

.

Славко Голужа (тренер на екипата на Татран): “Во Скопје не чека тежок натпревар. Металург има млад тим и игра одлично на домашен терен. Во Лисабон овој тим беше рамноправен во првите 40 минути, а одлично одигра и против Бешикташ во Скопје. Ние со респект мораме да му пристапиме на натпреварот и да одиграме најдобро што можеме. Не се плашиме од никого, но мораме да бидеме внимателни“.

Јакуб Хрстка (лево крило на Татран): “Нема да биде едноставен натпревар. Во Скопје без разлика дали играте против Вардар или Металург, секогаш е тешко да се игра. Ние сакаме да продолжиме со добрите игри во групата и да освојуваме бодови и на гостинските мечеви, како што тоа го направиме во Турција против Бешикташ. Мораме да бидеме внимателни и да го дадеме најдоброто од себе, за да оствариме поволен резултат. Знаеме дека Кузмановски го напушти клубот, но затоа Металург го има опасниот Јагањац. Дефинитивно немаат тим како во минатото, но не смееме да ги потцениме и мораме да бидеме сериозни до крајот“.

Бруно Буторац (десен бек на Татран): “Извојувавме две големи победи во првите две кола на Лигата на шампионите, а го совладавме и Мешков во Брест, во СЕХА-лигата. Ова се одлични резултати, но сега треба да се посветиме на средбата со Металург, кого мораме да го победиме, инаку претходните успеси ќе го изгубат својот сјај. Металург загуби неколку одлични ракометари, но игра дома и може да биде опасен“.

Лукаш Урбан (среден бек на Татран): “Металург добро го познаваме од натпреварите во СЕХА-лигата, но сега се значително подмладени. Тие се млади играчи кои ќе сакаат да се покажат, па затоа нема да ни биде лесно. Ние ја подготвуваме тактиката за тој натпревар и, ако ги следиме договорените насоки, сметам дека можеме да победиме на таа средба“.

 

Прочитано 195 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


7 + 1 =