Следната среда, Металург и Вардар ќе се соочат во Суперкупот на Македонија

10.09.2019 19:02
DAR_3709_resize_resize

Закажан е натпреварот за Суперкупот на Македонија.

Металург, како победник на националниот Куп, и Вардар, како шампион на Македонија, ќе се соочат в среда, 18 септември. Овој натпревар ќе се одигра во спортската сала во Куманово, со почеток во 18.30 часот.

Ова ќе биде трето издание на Суперкупот на Македонија, а претходните две титули ги освои екипата на Вардар.

Металург и Вардар еднаш веќе се сретнаа во борбата за освојување на Суперкупот. Тоа се случи минатата сезона, кога Вардар славеше со резултат 33:24 (16:10).

Прочитано 181 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


3 − 1 =