Слободен влез за неделната средба на Металург со Цеље ПЛ

15.03.2018 10:50
IMGL031_preview_original_resize

Раководството на Металург реши да ги отвори вратите за сите љубители на ракометот и нема да се наплаќаат влезници за неделната средба со екипата на Цеље ПЛ, во рамките на 18. коло на СЕХА-лигата.

Овој натпревар, кој се игра во ВИП Арената СЦ “Борис Трајковски“, на програмата е в недела со почеток во 17.45 часот.

Ова е натпревар од последното коло на регуларниот дел на СЕХА-лигата и е наша последна средба во тековната сезона на ова регионално натпреварување.

Прочитано 304 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


− 3 = 4