Топ Вести

Слободен влез за утрешната средба на Металург со Мешков Брест

06.03.2018 15:15
MJI_9596_resize_resize

Раководството на Металург реши да ги отвори вратите за сите љубители на ракометот и нема да се наплаќаат влезници за утрешната средба со екипата на Мешков Брест, во рамките на 16. коло на СЕХА-лигата.

Овој натпревар, кој се игра во ВИП Арената СЦ “Борис Трајковски“, на програмата е утре со почеток во 17.30 часот.

По средбата со Мешков Брест, до крајот на регуларниот дел на СЕХА-лигата Металург ќе одигра уште само две средби. Најпрво, на 14 март, ќе и гостуваме на екипата на Татран Прешов, а потоа, на 18 март, ќе ја нагостиме екипата на Цеље ПЛ.

Прочитано 664 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


8 − 7 =