СМЕНА НА ГЕНЕРАЦИИ ВО МЕТАЛУРГ

02.12.2011 01:33
DSC02989_resize_resize

Во 1976 година, со заминувањето на искусните Јаковлевски, Шандовски, Георгиевски и Петковски, Металург изврши целосна генерациска промена во својот состав. Од оснивачкиот состав на Металург, не остана никој. Овој, сегашен, ќе биде костур на тимот во идните 10-тина и повеќе години.

Во едно интервју, Никола Богдановски ќе изјави:

– Подготовките ги почнавме со екипа составена од младинци стари во просек по 17 години. Подготвителниот период беше исполнет со интензивна работа. Почнавме во Маврово, а потоа продолживме во Скопје. Одигравме многу натпревари со јаки противници и постепено ја создававме новата физиономија на нашата игра. Главната карактеристика на сегашниот Металург е полетот и младоста. Момчињата се борат со полни срца. Го сакаат и ракометот и овој клуб, а тоа е гаранција дека за некоја година ќе имаме извонредна екипа, способна да се натпреварува и во повисок ранг.

Новиот бран  во Металург го сочинуваа следните ракометари: Томовски, Митевски, Нинeвски, Чокрев, Василевски, браќата Боби и Симе Јосифовски, С.Пејковски, Б.Пејковски, Проданов, Тоточевски, Маневски, Канзуров, Пандов, Трпчевски и Андреевски.

Фото:

Прочитано 213 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


6 − = 4