СО ДОБРА ИГРА ЌЕ ЈА ОПРАВДАМ ДОВЕРБАТА НА ПУБЛИКАТА

19.08.2013 13:54
DSC_0030_resize

za tekst

Својот квалитет и препознатлив стил на пожртвувана игра, како дел од екипата на Металург, Атман ги демонстрира на натпреварите на турнирот „Струга 2013“, каде што за три дена, со својата игра и појава, стана главна ракометна атракција. Атман по секој натпревар беше опкружен со група нови обожаватели што сакаа да се сликаат со него и да добијат автограм.

Многу пријатно сум изненаден од мојата популарност овде во Струга. Сите сакаат да се сликаат со мене, да разговараат, бараат мој автограм, што многу ми годи. Сега сум нов играч во Металург и затоа сум им интересен на љубителите на ракометот во Македонија. Се надевам дека со добри игри ќе ја оправдам нивната доверба – скромен вели Атман.

Со самото доаѓање во Автокоманда, Атман стана член на семејството Металург, кое одлично го прифати како соиграч, а уште повеќе како другар.

Иако сум далеку од мојот дом, тука се чувствувам исто како да сум дома. Управата, играчите, граѓаните, сите одлично ме прифатија. Полека почнав да го учам македонскиот јазик за кој земам и часови, а од моите соиграчи низ разговор го учам и српскиот јазик – низ смеа објаснува Атман, кој полека се привикнува и на пеколната клима во Македонија.

Во подготвителниот период ракометарите немаат многу слободно време, а тоа малку што го имаат им служи за дневен одмор, но понекогаш знаат и да седнат на кафе-муабет.

Во овој период имаме многу малку слободно време, но сепак понекогаш знаеме да седнеме на кафе и да размениме понекој македонско-српско-руски збор, кој секогаш завршува со смеа, бидејќи пола сме се разбрале, а пола не – духовито објаснува Атман.

Пред Металург стои предизвикот наречен пласман во Лигата на шампионите, низ квалификацискиот двомеч против унгарскиот вицепрвак Пик Сегед, екипа што изминативе две сезони во ЛШ беше во група со екипата на Динамо Минск, каде што, пак, играше и Атман.

Елиминација на Пик Сегед и пласманот во ЛШ се нашите главни цели пред почетокот на новата сезона. Сум играл против Сегед, но тие сега имаат значително променет состав. Ангажираа нови играчи и квалитетен шпански тренер, Хуан Карлос Пастор. Верувам во Металург и се надевам дека и сезонава ќе го повториме минатогодишниот успех на Металург – оптимист е Атман.

Главен ривал и конкурент на Металург во домашното првенство, во РЛ, и ако биде поуспешен од Пик Сегед и во ЛШ, ќе биде екипата на Вардар, која изминатава сезона ја презеде шампионската титула во домашното првенство и избори директен пласман во ЛШ.

Вардар има солиден тим годинава. Донесе тројца квалитетни руски ракометни репрезентативци, Дибиров, Растворцев и Чипурин. Но за никого предвреме не можам да кажам дали е силен или слаб, сѐ додека не изиграме натпревар против него. Ракометот е надигрување, надмудрување, а топката е тркалезна и сѐ може се да се случи – мудро вели Атман.

Aвтор: Тања Димитриоска

Павел Атман

Павел Атман

Прочитано 1.852 пати

(2) Коментари

  1. Bravo Atman od tebe treba mnogu da ucat od tvojot lik zraci covecnost i milina a koga si vo igra vistinski zver i bombarder ti si kompleten i golem igrac a pred se covek….ti posakuvam mnogu pobedi i srekni migovi vo Metalurg i sto podolgo ostanuvanje…

  2. Eden od najdobrite bekovi vo svetot. Mnogu pameten igrac koj znae da razigruva i da dava golovi. Najinteresno e sto e mnogu smiren za pozicijata na koja igra sto mu nosi golema prednost. Zver !!! Ti posakuvam uspeh i dolgo vreme da ostanes vo Metalurg.

Напишете коментар


6 + = 15