Со малку среќа и многу пот, Пролет сепак ги однесе бодовите од Автокоманда

13.09.2019 22:29
DAR_2070_resize

Уште еден одличен натпревар одиграа младите ракометари на Металург 2, иако и денеска забележаа пораз. Нашите надежи беа апсолутно рамноправен партнер во мечот со многу поискусниот тим на Тинекс Пролет, а средбата ја загубија со минимални 32:33 (12:13). Всушност, на крајот не не посака среќата. Имавме 26 секунди за да го израмниме резултатот и да освоиме бод, но ударот на Стојановиќ стана плен на противничкиот голман.

Ако по средбата со Металург во првото коло некои се сомневаа, сега, по денешната средба, на сите им е јасно дека Металург 2 ќе биде “тврд орев“ за секого во македонската Суперлига.

Денеска видовме одличен натпревар, рамноправен во сите 60 минути. Во првото полувреме двете екипи се менуваа во водство, а нашата мала опуштеност во последните две минути доведе до пресврт и минимална предност за тимот на Пролет. Да, ја имавме шансата на Ристевски во последните секунди, но тој не успеа да израмни од чиста зицер шанса, па тимот на Пролет на одмор замина со минимална предност од еден гол, 12:13.

Во вториот дел почнавме лошо и по шест минути му дозволивме на противникот да поведе со три голови разлика, 17:20. Потоа повторно игравме рамноправно и се обидувавме да ја стигнеме предноста на Пролет. Но, во средината на второто полувреме не фати криза, која противникот максимално ја искористи и во еден момент поведе со дури шест голови разлика, 23:29. Тогаш веројатно сите помислија дека средбата е завршена, но тоа како да им даде посебен мотив на нашите млади ракометари, кои дадоа се од себе и направија вистински подвиг кога во 58. минута израмнија на 32:32. Тимот на Пролет го искористи својот последен напад и преку Џонов поведе со 32:33. За жал, како што веќе рековме, Металург не ги искористи своите 26 секунди и остана без бодови и на оваа средба.

.

Металург 2 – Тинекс Пролет  32:33 (12:13)

Металург 2: Василевски, Ацевски, Божиновски, Стојановиќ 8, Михајлов 1, Мелоски 6, Кофиловски 6, Савковиќ, Митиќ 3, Мирчевски, Ристовски 4, Ефтимов 1, Додиќ, Георгиевски, Љубевски 2 и Гајиќ 3.    Седмерци: 3/3.    Исклучувања: 14 минути.   Црвен картон (3х2 мин) Митиќ во 55. минута.

Тинекс Пролет: Кристо, Василевски 3, Аларов 1, Поповски 6, Давитковски 1, Матовски, Манев, Додевски, Коруновски, Андоновски 5, Кизиќ, Џонов 10, Мајнов 5, Дамчевски 2, Стојановски и Налетовски.     Седмерци: 1/3.    Исклучувања: 8 минути.

Судии: Начевски Ѓорѓи и Николов Славе од Скопје.

Делегат: Камер Металари од Скопје.

Прочитано 503 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


5 − 1 =