Топ Вести

СО НАТПРЕВАРОТ БОРАЦ – НЕКСЕ ЗАВРШИ РЕГУЛАРНИОТ ДЕЛ НА СЕХА-ЛИГАТА. КОНЕЧНА ТАБЕЛА

18.03.2015 23:43
Titel-SEHA-match_resize

za tekst

Екипата на Борац од Бања Лука го совлада Нексе во последниот натпревар од регуларниот дел на СЕХА-лигата. Борац победи со резултат 30:28 (14:15).

До крајот на сезоната во ова натпреварување останува да се одигра завршниот турнир на првопласираните шест екипи од регуларниот дел. Овој турнир ќе се одржи во Веспрем (Унгарија), од 25 до 29 март. Влезниците за полуфиналните и финалната средби се веќе распродадени.

Според новиот систем, првопласираниот од регуларниот дел Веспрем и второпласираниот Вардар се директни учесници во полуфиналето, каде ќе ги чекаат своите противници, кои играат според шемата 3-6 и 4-5, а тоа значи дека ќе играат Мешков Брест со Нексе и ППД Загреб со Татран Прешов.

Конечна табела:

1. Веспрем 18 17 0 1 561 : 413 51
2. Вардар 18 15 0 3 531 : 462 45
3. Брест Мешков 18 13 0 5 508 : 459 39
4. ППД Загреб 18 12 0 6 480 : 417 36
5. Taтран Прешов 18 11 0 7 539 : 500 33
6. Нексе 18 5 1 12 449 : 512 16
7. Meталург 18 5 1 12 397 : 445 15
8. Борац Б.Л. 18 4 1 13 464 : 537 13
9. Војводина 18 2 4 12 444 : 511 10
10. Раднички 18 2 1 15 472 : 589 7
Прочитано 947 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


3 + = 8