Со новиот тренер, не знаеме што да очекуваме од Загреб

31.01.2019 14:00
51145001_285466472103_8069937287951024128_n_resize

По завршувањето на зимските подготовки, Металург им се враќа на натпреврите во рамките на СЕХА-лигата, а пред мечот со ППД Загреб денеска одржавме и прес-конференција.

Своите коментри ги даде нашиот тренер Данило Брестовац, кој вели дека првиот натпревар по подолга пауза е и најтежок.

.

Данило Брестовац:Ова е прв натпревар во пролетната полусезона после СП и можеби е најтежок за нас. Позитивно е што играме на домашен терен, а минус е тоа што се работи за добар противник. Загреб ќе дојде со нов тренер, но и со најсилниот состав. Познавајќи го Тамше од Целје, тој е дијаметрално спротивен тренер од Червар и тој сака да игра повеќе брз ракомет. На самиот натпревар ќе мораме да се адапатираме на начинот на кој ќе игра противникот, но тешко е да се подготвиме затоа што не знаеме дали ќе играат на истиот начин од претходно. Можам само да погодувам како ќе играат. Во последните денови имаме два тренинзи дневно. Миличевиќ има проблеми со рамото, а Шпенде тренира со намален интензитет, иако неговата повреда не делуваше сериозно. Ќе го користиме повеќе и Михајловиќ во одбрана, тој напредува добро. Ако се придружуваме на нашиот систем и имаме свежина, тогаш се надевам дека ќе го дадеме најдоброто и ќе фатиме континуитет со добрите натпревари од Франција“.

Зборувајќи за домашното првенство, Брестовац изнесе и една своја идеја:

Зошто да не си направиме ние наше првенство во кое Вардар и Металург би имале по две гостувања во Битола, во Охрид и да ги наполниме салите. Тука се и Еурофарм Работник, ако го задржи ова ниво, Пелистер е сосема солидна екипа, Бутел исто така е сериозен, па ако Металург и Вардар ги задржат овие состави, македонското првенство би било најсилно на балканските простори. Ние пет шест екипи можеби ќе повлечеме уште спонзор. Сега се поставува прашањето, зошто ние да немаме осум екипи и да играме двокружно. Па тогаш во Автокоманда нема да има по 20-30 луѓе, ќе дојдат многу повеќе навивачи да ги гледаат Вардар, Пелистер, Еурофарм Работник. Мене ми недостасува оној жар од гостувањата во Битола, на пример, онаа атмосфера, ривалствата. И не би ни било напорно со многу натпревари, мене ми се малку, ни требаат уште, би можеле да играме и СЕХА-лига и домашно првенство. Сепак, јас ништо не наметнувам, туку само гласно размислувам и ова е само мој личен став“.

Од името на играчите зборуваше младиот лев бек на Металург Михајло Младеновиќ.

Михајло Младеновиќ:Јас мислам дека, ако сите го дадеме нашиот максимум на овој натпревар, ќе и парираме добро на екипата на Загреб. Мораме да играме дисциплирнирано, да немаме избрзани шутеви. Имаат поискусни играчи од нас, но сепак јас се надевам дека ќе бидеме комплетни и ќе можеме да одиграме на високо ниво“.

.

Фото:

Прочитано 315 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


− 3 = 5